[ФОТО/ВИДЕО] Глетка која ги трогна сите: Бен Афлек прегрнат со ќерка си, неговиот поглед говори како тој се чувствува после ужасните пожари

Точка

13/01/2025

18:22

2.261

Големина на фонт

а а а

Актерот и режисер Бен Афлек бил забележан пред семејниот дом во Братвуд, Калифорнија, како ја гушка својата ќерка Виолет. Куќата на оваа холивудска ѕвезда го „преживеала“ пожарот кој беснееше низ Лос Анџелес, а откако катастрофата го погоди градот, се појави веста дека тој ја напуштил својата вила и отишол во домот на поранешната сопруга Џенифер Гарнер, која живее со нивните деца, гореспоменатата, Виолет, Серафина и синот Фин. Сега се знае каде престојува оскаровецот.

Трогателна средба меѓу таткото и ќерката се случила вчера, а Виолет Афлек наскоро треба да се врати на студиите на Универзитетот Јеил.

Бен Афлек неодамна купил куќа во Пацифик Палисадес, имотот не е оштетен од пожарот, а актерот сега се наоѓа во вила која ја изнајмува во Братвуд, Калифорнија, пишува „Дејли Мејл“.


Афлек таа куќа почнал да ја изнајмува по разделбата со Џенифер Лопез, пред објавувањето на нивниот развод. Поранешниот пар ги разјаснил деталите за разводот и наскоро и официјално ќе се разведат.

Ќерката на Бен, како и многу жители на Лос Анџелес, носи маска N-95 за да се заштити од чадот и опасните честички што ги носи огнот. Афлек и Џенифер Гарнер, кои беа во брак од 2005 до 2018 година, го делат старателството над своите деца.

Џенифер Гарнер е очајна по трагедијата што ја снајде Јужна Калифорнија, каде од 7 јануари беснеат пожари кои однесоа 16 човечки животи, а голем број жители на „градот на ангелите“ ги оставија без покрив над главата. Актерката загубила и драга личност во страшните настани.


„Изгубив пријателка и тоа е многу тешко за нашата црква. Мислам дека сè уште не е време да зборувам за неа. Но, да, изгубив пријателка кој не успеа да се спаси“, изјавила Џенифер Гарнер за „MSNBC“.


Актерката се сретнала со Хозе Андрес кој ја претставува „World Central Kitchen“. Таа истакнала дека можеби 100 нејзини пријатели ги загубиле своите домови, додека нејзината куќа останала недопрена. „Се чувствувам виновна додека шетам низ мојата куќа. Што можам да направам? Како да помогнам? Што да понудам? Што можам да понудам со рацете, овие ѕидови и сигурноста која ја имам?“, порачала таа и додала: „Срцето ми крвави поради моите пријатели. Можам да набројам 100 семејства, а изгубени се 5000 домови. Живеам во Палисадес и околината веќе 25 години. Мислам дека сите ние едноставно сакаме да се вклучиме во работата како би биле од помош. Тоа не е некое далечно место до кое не можете да стигнете. Ги храниме луѓето во засолништата, ги храниме службите за итни случаи, а ситуацијата се менува од ден на ден. Таа ги пофалила напорите на „World Central Kitchen“ и готвачот Хозе Андрес.

Пожарот ја зафатил и црквата во која оделе Џенифер Гарнер и Бен Алфек, таа зграда била уништена во пожарот.