Хабиб Нурмагомедов, легендарниот УФЦ борач и член на Куќата на славните, се соочи со неочекувани проблеми во текот на летот на компанијата „Fly Frontier“ во Лас Вегас.
Инцидентот се случи на аеродромот Хари Рид каде во авионот Хабиб седна во редот за излез во итни случаи, но персоналот на авиокомпанијата изрази сомнеж во неговата способност да ги исполни должностите на тоа седиште во случај на нужда.
Стјуардесата побара од 36-годишниот Нурмагомедов да потврди дека може да одговори на барањата предвидени за тоа седиште, по што му одговори дека „не може да му дозволи да седи во тој ред и дека ќе повика супервизор“. Таа исто така му кажа да побара друго место во авионот или ќе мора да го отстрани од летот.
Нурмагомедов тврдеше дека ваквиот третман бил неправеден и дека при пријавувањето за летот го потврдил познавање на англискиот јазик, што е еден од условите за седење во овој дел од авионот.
„Госпоѓата која дојде кај мене со прашањето беше многу груба уште од самиот почеток иако јас јасно зборував англиски и таа можеше јасно да ме разбере, но инсистираше да го сменам седиштето во авионот. Не сум сигурен дали станува збор за расна или национална основа. По две минутниот разговор, таа го повика обезбедувањето и бев исфрлен од авионот. Час и половина подоцна се качив на друг авион и стасав до мојата дестинација. Направив сè што беше во моја моќ за да останам смирен и полн со почит, што може и да се види на снимката, но наредниот пат членовите на екипажот би можеле да бидат малку пољубезни кон клиентите“, напиша Хабиб на Инстаграм.
Ситуацијата на крајот немала задоволителен епилог, па Хабиб заедно со своите сопатници морал да го напушти авионот, а многу корисници на Х коментираа дека инцидентот се случил затоа што ја тој ја поддржува Палестина.
Инаку Хабиб беше на пат за Калифорнија со цел да им пружи поддршка на тимските колеги во пресрет на настанот „UFC 311“ кој ќе се одржи на 18 јануари.