Хила искрено за Милан: Ние сме тим од Лига Европа со амбиции за…

Дерби

04/10/2026

16:59

148

Големина на фонт

а а а

Марио Хила направи исчекор во кариерата и по неколкуте успешни години Лацио го замени со Милан.

„Росонерите“ за него издвоија 30 милиони евра и сега е на него да ја оправда довербата и да помогне за стабилност на одбранбената линија на екипата. Тој веќе одигра шест натпревари за италијанскиот великан и веќе знае што тренерот Рубен Аморим бара од него и останатите играчи.

-Аморим е тренер кој пренесува цврстина, тој е агресивен во пресингот. Тој е модерен тренер, прилагоден на европскиот фудбал. На почетокот сме од проектот, потребно е време, но резултатите ќе дојдат. Тој е тренер кој бара комплетни работи, генерално. Не си толку тактичен, можеби си малку поимпулсивен, но тој сака да се изнесува топката одпозади. Во денешниот фудбал мора да бидеш силен во обете фази. Тој е жилав тренер, но има смиреност да знае дека сме на почетокот на еден проект. Тој има апсолутно правилни намери и идеи. Среќни сме што го имаме во тимот, -истакна Шпанецот кој даде своја проценка за Милан.

-За мене, моменталното ниво е каде што сме, во Лигата на Европа. Минатата година не успеавме да се пласираме во Лигата на шампионите иако бевме таму цела година. Од еден или друг фактор не влеговме, и на крајот нивото е Лигата на Европа. Сега треба да работиме. Главната цел е да влеземе во Лигата на шампионите и да се натпреваруваме за Скудетото. Ние сме Милан и мора да размислуваме амбициозно. Минатата година имавме прекрасна сезона, но не стигнавме до Лигата на шампионите, па затоа сме тим од Лигата на Европа, но со амбиции за Лигата на шампионите и Скудетото, -заклучи Хила.