[ФОТО] Прва победа во сезоната: Ферстапен славеше во лудата трка во Малезија

Дерби

04/10/2026

17:10

188

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шампион, Макс Ферстапен е победник на 16. овогодишната трка во Ф1 шампионатот која се возеше во Малезија, но за Големата награда на Бахреин.

Ќе се памети овој ден, оваа трка која се возеше на стазата „Сепанг“, трка која првично мораше да биде одложена поради лошите временски услови. Стартот беше закажан за 09:00 часот, но акцијата започна час ипол подоцна.

Имаше проблеми за време на трката, безбедносното возило мораше во неколку наврати да биде активирано, а во целиот хаос најдобро се снајде Ферстапен кој воедно тргна од позицијата број еден. Ова за Холанѓанецот е прво славје во тековнава кампања, вкупно 72. во кариерата.

Зад него беше лидерот во генералниот пласман Кими Антонели, а место на пиедесталот имаше и за асот на Ферари, Луис Хамилтон.

Леклер го освои четвртото место, Хаџар од Ред Бул беше петти, а до бодови стигнаа уште Пјастри, Лосон, ветеранот Алонсо од Астон Мартин, Норис и Линдблад.

Само за појаснување Големата награда на Бахреин беше преместена во Малезија поради нестабилната геополитичка ситуација и конфликтите на Блискиот Исток.