Џастин Бибер по четиригодишна пауза размислува да се врати на музичката сцена.
Според „Daily Mail“ враќањето е планирано за оваа година, а изворот истакнал дека пејачот е мотивиран и полн со енергија за продолжување кариерата со оглед на тоа што неговиот последен албум „Justice“ беше објавен во 2021 година. Изворот додал и дека на Бибер му се потребни финансиски средства.
„На канадската поп ѕвезда ѝ требаат пари и сака да работи“, изјави изворот за „Puck News“.
Инаку, во август минатата година, тој и неговата сопруга Хејли Бибер го добија своето прво дете – синот Џек Блуз, а на агенцијата за организирање настани „AEG“ Бибер ѝ должи турнеја која ја откажа во 2023 година.
Изворот откри и дека покрај откажаната турнеја и детето, пејачот има и еден куп други трошоци кои го оптоваруваат во последните години. Финансиските проблеми на Бибер доаѓаат откако тој ги продаде правата на својот каталог за 200 милиони долари во 2023 година.
Неговото враќање во музиката треба да се реализира со нов тим, бидејќи тој ја прекина соработката со менаџерот Скутер Браун. Менаџерот Браун го најави своето повлекување од музичкиот менаџмент минатото лето, откако во минатото претставуваше ѕвезди како Бибер, Аријана Гранде и Деми Ловато.
Според последните информации, Бибер сега го застапува адвокатот Мајкл Роудс, кој во минатото ги застапувал познатите личности како Мадона и членовите на семејството Кардашијан.
Веста за враќањето на Бибер во музичкиот свет доаѓа по повеќе од четири месеци откако музичарот Mk.gee за „The New York Times“ изјави дека напишал и снимил песни со Бибер.
Потсетуваме, Џастин Бибер ја откажа својата турнеја „Justice World Tour“ на почетокот од 2023 година бидејќи му беше дијагностициран Рамсаи-Хунтов синдромот, кој може да доведе до парализа на лицето.