Ева Лонгорија објави снимка во која се расплака додека зборуваше за пожарите во Лос Анџелес. Меѓу другото, таа откри дека е евакуирана и дека ќе донира средства за настраданите.
„Ова беше луда недела. Ужасна за многу луѓе. Толку многу пријатели ги загубија своите домови. Не станува збор за работите, туку за спомените. Тие луѓе работеа навистина напорно за своите домови. Во основа, решивме да се евакуираме бидејќи добивме предупредување, а потоа нашиот аларм постојано ѕвонеше“, рече таа.
Таа додаде дека сега се наоѓа во нејзиниот втор дом каде угостила многу пријатели кои исто така морале да се евакуираат.
„Познавам многу луѓе кои немаа толку среќа. Дониравме облека. Буквално го испразнивме мојот плакар и сè однесовме на сите места кои прифаќаат донации“, рече актерката.
Таа исто така кажа дека ќе донира пари за фондацијата „This Is About Humanity“, и додаде дека смета оти сега не е време на социјалните мрежи да се анализира што тргнало наопаку.
„Лос Анџелес е силен. Луѓето од сите населби помагаа – од Алтадена до Пасадена до Пацифик Палисадес. Сите се на улица. Сите помагаат. Луѓето се поврзуваат на прекрасни начини. Тоа е прекрасно да се види“, рече таа, и исто така им се заблагодари на пожарникарите кои се борат со пожарите.