Не штедат пари за да ги видат последиците од крвавата војна: Еве колку чинат турите низ воените подрачја во Украина! Најморбидните воени профитери досега

Точка

13/01/2025

19:47

2.560

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа што туризмот во Украина е сериозно загрозен поради тековниот конфликт со Русија, снаодливи претприемачи пронајдоа алтернативни извори на приход. Љубопитни западњаци ги посетуваат воените зони по високи цени.

Еднонеделна воена тура чини околу 3.600 евра, додека патувања до подрачјата на катастрофалната украинска контраофанзива од 2023 година се достапни за 3.300 евра.

Лице кое сведочело на многубројни воени ужаси, откри дали би препорачал некому да гледа такви сцени:


– Луѓето имаат различни интереси – некои најдоа начин да заработат, а истовремено да обезбедат средства за украинската армија, која секојдневно се соочува со недостиг на човечки и материјални ресурси (напомена на авторот: половина од уплатените средства одат за украинската армија). Областите Ирпин и Буча веќе не се под директен ризик, бидејќи руската армија се повлече во март 2022 година, а линијата на фронтот е на оддалеченост од околу 250 километри. Уништувањето е страшно во секој конфликт, но интензитетот на борбите на тие места не беше голем. Поголемиот дел од уништувањата во Ирпин и Буча се резултат на обидите на украинските сили да ги истиснат руските трупи, кои директно му се закануваа на Киев. Руското повлекување уследи откако во Истанбул беше начелно договорен мировен договор, кој Украина подоцна го отфрли по совет на британскиот премиер Борис Џонсон, и војната продолжи.


Постои десетина компании што опслужуваат таканаречен „црн туризам“. Туристичките агенции нудат тури за 150 евра, покажувајќи „разурнати воени возила“ и „последици од ракетни напади“ околу Киев. За 250 евра, туристите можат да ги посетат Ирпин и Буча, да видат „гробишта на уништени возила“ и да слушнат приказни за наводни руски воени злосторства.


Шлајмер анализираше зошто луѓето плаќаат за вакви аранжмани:

– Тенката граница помеѓу воениот и опасниот туризам потврдува дека човечката природа е суштински деструктивна. Во 2023 година, пример е трагедијата со подморницата „Титан“ која претрпе катастрофална имплозија, при што загинаа повеќе лица. Обично, ваквите аранжмани привлекуваат богати луѓе кои немаат реална перспектива за опасностите. Адреналинот игра улога, но прашањето останува – што навистина го мотивира човекот да оди на такви места? Овие активности не се типични за просечен човек со едноставни животни потреби.