[ВИДЕО] Во голем пожар во Кочани изгореа три автобуси и комбе

A1ON.MK

01/07/2025

11:36

2.896

Големина на фонт

а а а

Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип.

- Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица–Кочани, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Се посочува дека нема повредени лица. Се очекува во текот на денот да биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.