Милановиќ: Лицемерни и неискрени ветувања за Украина за членство во ЕУ

Макфакс

01/07/2025

14:31

234

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека, за жал, Европската Унија со години убива некои земји, а за тоа недостасува волја кај некои актери, со одложување на нивните преговори.

„Тоа се Црна Гора, Албанија. Па, во таа смисла, легитимно е да се зборува за Украина во ЕУ, но можам да забележам дека тоа е земја чии територијални перспективи не се јасни. Таа е во војна, а што се однесува до општите услови за членство, не гледам дека ги исполнува. Тоа се фактите. Што ќе се случи потоа, ќе одлучи ЕУ“, рече Милановиќ.

Милановиќ го кажа ова на новинарите откако го угости својот полски колега Петер Пелегрини, одговарајќи на прашање за членството на Украина во Европската Унија.

„Искрено, мислам дека таквото ветување е лицемерно и неискрено. Ова е ставот кон Украина од првиот ден, од 2013 година. Многу зборував за тоа“, рече Милановиќ, а потоа продолжи да зборува за средствата за одбрана:

„Практично ѝ дадовме на Украина 35 тенкови како подарок, практично ништо не добивме за возврат. Добивме трошки од Германија“.

„Способности, а не проценти, тоа е она што е важно“. рече Милаовиќ и продолжи:

„Разговарав со американскиот претседател Доналд Трамп, кажувајќи му без никаков сарказам дека цените на оружјето треба да се намалат. Американците, Германците, Французите и Британците се како агенти за продажба на сопствените одбранбени индустрии. А ние, од друга страна, сме купувачи и купуваме неверојатно скапа стока кога ќе ја добиеме. Тоа се фактите и на оној на кого не му се допаѓа, нека престане да живее во свет на фантазии“.

Тој, исто така, коментираше за критиките дека словачкиот претседател Роберт Фицо е руски човек.

„Руски човек, што значи тоа? Го познавам. Тој не е руски човек, дури ни во однос на афинитетите, но во некои критични ситуации ќе се однесува како што се однесува“ рече Милановиќ.

Тој вели дека нема никаква врска со Русите, но не може да биде изненаден кога тоа доаѓа од луѓе кои ги поминале своите кариери како руски пудлици.

„Дали е ова уреден начин на комуникација“, праша претседателот на Хрватска и рече:

„Овие приказни дека сум руски човек се одвратни и доаѓаат од луѓе кои треба да внимаваат што зборуваат“, објави хрватскиот портал „Дневник“.