Тотенхем избегна шок во последните секунди, па елиминира нисколигаш по продолжение

Дерби

12/01/2025

17:50

1.228

Големина на фонт

а а а

Тотенхем мораше да игра дополнителни триесет минути за да го победи нисколигашот Тамворт и да обезбеди пласман во следната рунда на ФА Купот.

Лондонскиот тим не се снајде најдобро на специфичниот терен на Тамворт и не успеа да постигне гол и покрај иницијативата во вообичаените деведесет минути, па натпреварот отиде во продолжение.

Премиерлигашот за малку избегна голем шок, бидејќи домаќините во последните секунди од судиското надополнување ќе примеше гол, но Кински успеа да спречи такво сценарио.

Во дополнителните 30 минути, отпорот беше скршен по една добра акција и автогол на домашниот состав во 101. минута. До крајот, Кулушевски и Џонсон со по еден погодок ги поставија конечните 0:3 и не дозволија голем кикс на Тотенхем во престижното натпреварување.