Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим

Дерби

12/01/2025

16:19

2.008

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед преку своите скаути следи талентирани фудбалери на повеќе континенти, а се чини дека англискиот клуб веќе си обезбеди талентиран тинејџер кој доаѓа од Парагвај.

Диего Леон има 17 години и ќе стане прво засилување во ерата на новиот менаџер Рубен Аморим, иако е можно да биде на располагање на премиерлигашот дури од почетокот на следната сезона.

Јунајтед ќе му плати максимални 5 милиони евра на парагвајскиот клуб Серо Портено за правата над талентираниот лев бек, а денеска тој треба да ги помине и лекарските прегледи во својот нов тим.

Леон е повикан и за настап на У-20 јужноамериканското првенство кое од 23. јануари ќе започне во Венецуела.