Српскиот ММА борач, Урош Медиќ синоќа доживеа тежок пораз на првиот УФЦ настан годинава кој се одржа во Лас Вегас.
Имено, 31-годишниот Медиќ беше нокаутиран за само 31 секунда од хавајскиот борач Пунахеле Сориано.
Неверојатниот борач од Хаваи ја реши борбата со брза комбинација на левица и десница, со што го собори Медиќ на подот.
Потоа го нападна и го принуди судијата да ја прекине борбата, па така Медиќ го доживеа третиот пораз во кариерата, во која сега има скор од 10-3.
30 SECONDS KO 💥 HOLY SHII 😮
— RedWolf🐺 (@RedWolfMMA) January 12, 2025
Soriano gets it done quick 👊
Call the medic for Medic 😅#UFCVegas101 pic.twitter.com/tDixLDLlJJ
Медиќ има четири победи и три порази во УФЦ, а ова е негов најбрз пораз и прв со нокаут откако во првите два беше принуден да се предаде.
Борбата на вечерта на УФЦ беше онаа меѓу Мекензи Дерн и Аманда Рибас во која Американката ја победи Бразилката на средина од третата рунда и ја принуди на тапкање.
REDEMPTION FOR @MACKENZIEDERN‼️#UFCVegas101 pic.twitter.com/Xz1ltijf9w
— UFC (@ufc) January 12, 2025
Инаку, синоќешниот помал настан беше увертира на првиот УФЦ спектакл за 2025 година, кој треба да се одржи следниот викенд во Лос Анџелес, иако одржувањето на настанот сè уште е под знак прашалник поради катастрофалните пожари.