Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо купи авион за приватна употреба и го користеше за време на семејниот одмор во Лапонија.
Пред неколку месеци Роналдо го продаде „Gulfstream G200“ кој го купи за 20 милиони евра во 2015 година, а неодамна купи и нов модел „Bombardier Global Express 6500“, со кој патуваше во Финска со своето семејство.
По одморот во Финска, со приватниот авион тој се вратил во Саудиска Арабија, каде во неговиот Ал Наср го чекаат нови предизвици.
Неговиот нов авион има капацитет од 17 патници и исклучително удобни седишта. Во авионот и мал приватен апартман со туш кабина, а однадвор, поточно на влезната врата, има фигура од Португалец кој прославува гол со карактеристична поза.
Овој неверојатен авион чини околу 40 милиони евра, а за Кристијано Роналдо, кој заработува околу 200 милиони евра годишно во саудискиот фудбалски клуб, ова е уште една во низата инвестиции.