Црната кутија престанала да снима четири минути пред авионот да удри во ѕид во Јужна Кореја

Макфакс

11/01/2025

13:56

359

Големина на фонт

а а а

Црнaта кутија на патничкиот авион Џеџу Ер, кој експлодираше минатиот месец на аеродромот Муан во Јужна Кореја, не содржи податоци за последните четири минути пред експлозијата, соопштија денеска истражните органи, повикувајќи се на резултатите од истрагата.

Според јужнокорејските власти, анализата на податоците од рекордерот на летот (FDR) и гласовниот рекордер (CVR) од авионот покажала дека снимките на двата уреди биле прекинати приближно четири минути пред авионот да удри во ѕидот на аеродромот.

Експлозијата се случила во 9:03 часот на 29 декември, кога авион на Џеџу Ер удрил во бетонски ѕид на аеродромот Муанг откако се лизнал по земјата бидејќи тркалата не му биле спуштени.

Податоците од FDR и CVR престанаа да се снимаат во 8:59 часот, што им отежнува на инспекторите да ја анализираат ситуацијата.

Иако податоците од FDR и CVR се клучни за истрагата, властите нагласија дека тие не се единствените извори на докази.

Авионот на Џеџу Ер 7C2216, кој полета од Бангкок, Тајланд до Муан, југозападно од Сеул, принудно слета, удри во бетонски ѕид, експлодираше и се запали.

Загинаа 179 патници и членови на екипажот.