Шерингам смета дека Јунајтед испуштил две топ засилувања: Во ерата на Ферги тоа беше незамисливо

Дерби

10/01/2025

12:55

368

Големина на фонт

а а а

Теди Шерингам верува во Рубен Аморим и се надева дека Португалецот ќе го изведе Манчестер Јунајтед на прав пат, но истовремено знае дека нема да му биде воопшто лесно поради ужасната трансфер политика која ја водеше клубот во изминатите неколку години.

Незаборавниот голгетер беше херој во историската триплета на Јунајтед во 1999-та година, па превејќи една паралела за тоа како во тоа време Сер Алекс Фергусон ги привлекувал сите најдобри фудбалери на „Олд Трафорд“, не пропушти да акцентира дека Манчестер како клуб пропуштил да купи два елитни фудбалери во последните неколку години.

– Манчестер Јунајтед потроши многу пари на добри играчи, но добрите играчи се само добри. Кога зборуваме за Манчестер Јунајтед, мора да имате топ играчи.

– Нема да се навраќам многу наназад, во последните две години беа достапни двајца играчи како Хари Кејн и Деклан Рајс. Тоа се топ играчи, фудбалери кои се докажаа од коло во коло, а воедно и извонредни професионалци кои го бранат грбот на Англија. Манчестер Јунајтед и во двата случаи не беше блиску до ангажман на еден од двајцата.

– Дозволија Хари да замине во Баерн Минхен иако беа заинтересирани за него, а воопшто не беа во трката да го ангажираат Деклан Рајс. Со Сер Алекс Фергусон тоа беше незамисливо. Кога топ играч ќе станеше достапен, Ферги веднаш ги носеше во Јунајтед. Доказ за тоа се Палистер, Рој Кин, Пол Инс, Вејн Руни и многу други. Во минатото, најдобрите играчи доаѓаа во Јунајтед, но случајот веќе не е таков. Новата гарнитура мора да се насочи на носење такви играчи, во Јунајтед мора да играат топ играчи, – потенцира Шерингам.