Познат олимпиец изгуби се во пожар во Лос Анџелес! Дома му останаа десет медали…

Точка

10/01/2025

14:42

1.050

Големина на фонт

а а а

„Луѓето едноставно излегуваа од своите автомобили и бегаа. Вакво нешто не сум видел ниту во филмовите со апокалипса“, изјави Гери Хол Јуниор, освојувач на пет златни олимписки медали.

Шумскиот пожар во Лос Анџелес проголта илјадници домови. Многумина останаа без имот, меѓу кои и познатиот американски пливач Гери Хол Јуниор (50).

Освоил десет олимписки медали, од кои пет златни, но стравува дека изгубил се во пожарот. Тој побегнал од својот дом во Пацифик Палисадес откако го видел пожарот низ неговиот прозорец.

„Разговарав со ќерка ми на мобилен телефон и видов како избива пламен. Имаше експлозии, немав многу време. Вжештен жар падна врз мене додека трчав кон автомобилот. Ќе биде тешко да се вратите назад и да се обидете да пронајдете работи што можеби го преживеале пожарот. Немав време да грабнам ништо, сè исчезна“, рече Хол, пренесува "Daily mail".

Со себе имал само инсулин, слика од дедо му и верски предмет што му го подарила ќерката. Со него било и неговото куче Падлс. Тој отишол кај семејството во Сан Диего, но сцените што ги видел ќе му останат долго време.


„Луѓето едноставно ги напуштаа своите автомобили и бегаа, полицијата им порача да го направат тоа. „Такво нешто не сум видел ниту во филмовите со апокалипса“, изјави Хол.

На платформата "GoFundme" се појави кампања за помош на познатиот американски пливач. Целта е да се соберат 25.000 долари за да може да почне од почеток.

„Тој беше принуден да остави зад себе се што поседува, како незаменливи семејни наследства, фотографии… Најверојатно ги загуби и десетте олимписки медали, но ништо не може да му го одземе духот со кој ги освои тие медали“, стои во описот.


„Сите сакаат да знаат дали изгореа медалите. Да, се изгоре. Можам да живеам без нив. Тоа се само работи. Ќе бидам преплавен со емоции кога ќе се вратам. Ќе копам низ пепелта и ќе видам дали се стопиле медалите“, вели тој.

Хол се најде на насловните страници на светските медиуми и во 2006 година, откако се бореше со ајкула која ја нападна неговата сестра додека биле на подводен риболов на Флорида. Последните неколку години работи како тренер по пливање.

Хол го имаше своето олимписко деби во Атланта во 1996 година со само шест години пливачко искуство. Освои два сребрени и два златни медали. Во ист ритам продолжи и во Сиднеј, каде освои два златни медали и еден сребрен, додека во Атина во 2004 година освои злато и бронза.