Винисиус повторно во елемент со својот најголем непријател на теренот: Многу си лош, оди си дома!

Дерби

10/01/2025

12:53

339

Големина на фонт

а а а

Двобојот Винисиус Жуниор-Пабло Мафео доби своја нова епизода во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, а истото уште еднаш ни докажа дека постои голема нетрпеливост меѓу двајцата.

Десниот бек на Мајорка е познат по тоа што знае да влегува остро во дуелите, но кога е во прашање ѕвездата на Реал Мадрид, најчесто завршуваат со вербални расправии и ниски удари во вид на невкусни зборови.

Такво нешто не изостана и вчера на натпреварот во Џеда, па така Винисиус по првиот гол на Џуд Белингам за водство од 1:0, имал јасен „поздрав“ за својот ривал.

– Си одиш дома, ќе си одиш дома. Премногу си лош, ќе си одиш дома……, – вели Винисиус.

Како и обично, Карло Анчелоти е тој кој успева да го коригира својот фудбалер во дадената ситуација, па наместо да продолжи да се расправа, бара од него да остане активен и да се фокусира на случувањата на теренот.