Ханси Флик: Две добри вести во ист ден, најсреќни сме за Олмо и Виктор

Дерби

09/01/2025

12:20

476

Големина на фонт

а а а

Врховниот совет за спорт во Шпанија ги поништи одлуките на Ла Лига и шпанската Федерација и дозволи Барселона како клуб привремено да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, проблематика која направија Жоан Лапорта да работи под огромен притисок во изминатите три недели.

Одлуката на Врховниот совет ги израдува навивачите на Барселона непосредно пред полуфиналето со Атлетик Билбао во Џеда, а бидејќи двајцата играчи отпатуваа со експедицијата во Саудиска Арабија, сега ќе му стојат на располагање на Ханси Флик за финалето во Суперкупот.

Оваа вест секако е најповолна за самите фудбалери кои минаат низ навистина непријатни денови, па затоа Ханси Флик како тренер на Барселона посебно се израдува на двојната победа за Барса во еден ист ден.

– Добивме две добри вести во ист ден, ослободувањето за Дани Олмо и Пау Виктор, а потоа победа над Атлетик Билбао. Дани и Виктор се многу среќни, но морам да ви откријам дека среќни се сите играчи во тимот за разврската на нивниот случај.

– За нас беше многу добар предзнак да слушнеме дека ќе можат да ни помогнат во иднина. Покажавме дека сме тим и оваа победа им ја посветуваме на нив двајца. Се надеваме дека ќе излеземе посилни од цела оваа ситуација и дека во иднина ќе зборуваме само за убави работи, – изјави Флик.