Вест Хем вчера му врачи отказ на Хулен Лопетеги по лошата серија на резултати, па така Шпанецот издржа само пет натпреварувачки месеци како предводник на „чеканите“ во англиската Премиер лига.
Вчерашната вест значеше дека тимот од централниот дел на Лондон ќе добие нов менаџер во најскоро можно време, а веќе утрово официјално беше потврдено дека Грем Потер добива нов голем предизвик во Премиер лигата.
Откако извонредно го водеше Лестер во англискaта елита, Потер не се снајде баш најдобро во Челси, но сега после речиси двегодишна пауза, подготвен е за нов предизвик наречен Вест Хем.
– Пресреќен сум што станувам дел од семејството на Вест Хем. За мене беше многу важно да ја почекам вистинската работа. Го чекав вистинскиот клуб, а според мене вредностите на Вест Хем одлично се совпаѓаат со мојата филозофија. Имам добро чувство дека ќе бидеме добра врска во секој поглед.
– Вест Хем е голем клуб во Англија, се наоѓа во срцето на Лондон и има неверојатна фан база. Не само во Англија, туку на сите страни во светот. Едвај чекам да почнам да работам со играчите, – изјави Потер при своето прво обраќање како менаџер на „чеканите“.