Ламин: Не ми е гајле дали ќе играме против Реал во финалето

Дерби

09/01/2025

11:52

366

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал поради повреда на зглобот ги пропушти последните два натпрвари на Барселона, но вчера успеа да стигне навреме за Суперкуп полуфиналето против Атлетик Билбао.

17-годишниот суперталент продолжи да прави разлика на секој натпревар кој го игра за Барса и успеа да го постигне голот за 2:0, а по враќањето со погодок и пласман во финалето, посочи дека не се плаши од можен дуел со Реал Мадрид во големото финале.

– Не ми е гајле дали ќе играме против Реал или Мајорка во финалето. Не е важен противникот, очекуваме да победиме и да се вратиме дома со освоена титула.

– На првиот натпревар победивме сериозен тим како Атлетик кој секогаш бара многу физички напор. Имаше моменти кога страдавме на теренот, но знаевме да го изменаџираме натпреварот и среќни сме поради начинот на кој победивме.

– Среќна вест е и онаа за Олмо и Пау Виктор. Се надевам дека ќе ни помогнат во финалето. Таа ситуација предизвика нервоза кај двајцата, па затоа сме среќни што сега добиваат дозвола да се вратат во тимот, – изјави Јамал.