Ван Дајк откри што му порачал на судијата по контроверзниот пораз на Ливерпул

Дерби

09/01/2025

11:51

373

Големина на фонт

а а а

Ливерпул загуби од Тотенхем во Северен Лондон во самата завршница и го претрпе вториот пораз во сезоната, но начинот на кој се случи тоа ги налути членовите од гостинскиот табор.

Лукас Бергвал го постигна првиот гол во кариерата како член на Тотенхем во 86-та минута, меѓутоа гостите се жалеа дека играчот за врска воопшто не требаше ад биде на теренот поради старт направен една минута претходно.

Бергвал го „исчисти“ Цимикас во ситуација кога веќе имаше жолт картон, па во ситуација кога гостите очекуваа втор жолт и црвен, судиите се решија да не го санкционираат дуелот.

Швеѓанецот во продолжение постигна гол и донесе победа за Тотенхем во Карабао Купот, а тоа го натера Вирџил Ван Дајк како капитен да се пожали за одлуката на судиите.

– Беше јасно и очигледно дека тоа е втор жолт картон, сите кои беа на клупата го знаеја тоа. Ова беше очигледно, требаше да биде надвор, а наместо тоа, тој го постигна голот во следниот напад. Судијата направи грешка и му го кажав тоа лично. Му порачав дека направи грешка.

– Тој можеби смета дека не е така, но тој старт беше очигледен. Имаме главен судија, има линиски судија и четврти судија, а тука е и ВАР. Навистина не ми е јасно како не доби втор жолт картон. Не велам дека тоа е единствената причина поради која загубивме, но тоа беше клучен момент на мечот, – изјави Ван Дајк.