Алесио Такинарди беше првата легенда на Јувентус која поостро испрати забелешки за Тиаго Мота по епилогот во полуфиналето на Суперкупот, но во ист тон продолжува уште еден поранешен играч на „старата дама“.
Чиро Ферара исто така се задржа 11 години во Торино и извонредниот дефанзивец имаше можност да триумфира во сите можни натпреварувањ како член на Јувентус, вклучувајќи ја и Лигата на шампиони.
Славниот Ферара има проблем да ги прифати случувањата во клубот во последните две-три сезони, а носејќи се од изјавата која ја даде Мота пред полуфиналето со Милан, му ги предочи и четирите проблеми кои тренерот мора да ги реши во најскоро можно време.
– Кога еден тим ќе западне во ситуација во каква е Јувентус, потребно е на површина да изпливаат лидерите. Јувентус има еден таков лидер, но тој по се изгледа си заминува од тимот (Данило). Мора да биде подобра и комуникацијата, секој треба да си ја сфати важната улога во тимот.
– Бев навистина изненаден кога ја слушав изјавата на Мота. Тој порача дека неговиот тим не е опседнат со победи…. Кога јас пристигнав во Јувентус, првата работа која ја слушнав беше „мора да победувате“! Не велам дека проблемот е Мота, проблемот е во комуникацијата, во толкувањето на нештата.
– Јувентус отпуши победник како Алегри, а реши да го направи тоа за да се примени еден поубав стил на игра. Според мене, Мота има четири проблеми за решавање во Јувентус. Прво и основно, мора да се квалификува во Лигата на шампиони, второ, треба да се врати во трката за Скудетото, потоа мора да освои барем една од можните четири титули, а за крај, мора да игра и убав фудбал. Ист приоритет имаше и Сари, и неговиот тим играше убав фудбал, но Маурицио успеа да освои и титула, – вели Ферара.