Милан направи голем пресврт во финалето во Ријад и успеа да го „украде“ Супркупот трофејот од рацете на играчите на Интер, пред се благодарение на фуриозното второ полувреме кое го одиграа избраниците на Сержо Консеисао.
Португалскиот стручњак се израдува на првиот трофеј во Милан во своите први седум работни дена како тренер на „росонерите“, но за да дојде до тоа, буквално мораше да пролее и крв.
Медиумите од Италија пренесуваат еден интересен момент од самата завршница на лудото дерби во Ријад, а истиот се случил за време на победничкиот гол кој го псотигна Ејбрахам.
Додека најголем дел од играчите завршија во прегратка на напаѓачот, Емерсон Ројал му се нафрли на Консеисао, а видео од трибините откри дека дефанзивецот го нагазил и повредил својот тренер.
Десниот бек во моменти на голема еуфорија му нанел штета на својот тренер, кој морал да добие и лекарска интервенција по крајот на натпреварот.
Ternyata yang bikin kaki Conceicao terluka kemaren adalah RB terbaik sejagad raya, Emerson Royal. Mana nyamperin sambil nanya lagi 😂pic.twitter.com/yyXNfSElcJ https://t.co/WzTx9Ex3NQ
— Tribun Milano (@Info4_Milanisti) January 8, 2025