Прекин на ИТ системите на аеродромите во Германија, забавен влезот во земјата

Макфакс

03/01/2025

19:58

1.248

Големина на фонт

а а а

Германската федерална полиција пријави прекин на ИТ системите низ целата земја на аеродромите, изјави денеска полицискиот портпарол, принудувајќи ги полицајците рачно да ги обработуваат податоците на патниците кои пристигнуваат надвор од европската Шенген зона, што го забавува влезот во земјата.

„Во моментов има нарушување на ИТ низ целата земја“, изјави портпаролот од Франкфурт, додавајќи дека причината е непозната, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека влезот во Германија е забавен, но дека се одвива и дека моментално нема поголема гужва на аеродромот во Франкфурт, најфреквентниот аеродром во земјата.