Салах: „Дали е ова моја последна година во Ливерпул? Засега, да“

Точка

03/01/2025

19:42

1.627

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах има одлична сезона за Ливерпул, водечкиот тим во Премиер лигата. Египќанецот постигна 17 голови и 13 асистенции во првите 18 кола од англискиот шампионат и е најзаслужниот поединец за тоа што Ливерпул има шест бода предност пред второпласираниот Арсенал со еден натпревар помалку.

Сепак, иднината на Салах во Ливерпул останува неизвесна. Клубот и 32-годишниот крилен напаѓач сè уште не се договориле за нов договор иако неговиот актуелен истекува на крајот од оваа сезона. Тоа го спомена и самиот Салах во интервју за "Sky Sports", кој како една од причините за неговата посебна мотивација оваа година го наведе фактот дека ова може да биде негова последна година во Ливерпул.

🚨🚨 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆! Mo Salah: “My LAST season at Liverpool? So far, YES… it’s final 6 months and 𝐰𝐞’𝐫𝐞 𝐟𝐚𝐫 𝐚𝐰𝐚𝐲 from progress in talks” 🤯


“We are not close, there’s NO progress”.

Posted by Fabrizio Romano on Friday 3 January 2025

Салах: Далеку сме од напредок во разговорите за договорот

На прашањето на новинарот дали навистина ова е неговата последна година на „Енфилд“, Салах одговори: „Засега, да. Нема напредок во последните шест месеци. Ние сме далеку од каков било напредок во разговорите за договорот, па ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“.

Салах е во Ливерпул од 2017 година, кога пристигна од Рома. Во 375 настапи за клубот од Енфилд, тој постигна 231 гол. Тој освои се што можеше да се освои – Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, УЕФА Суперкупот, ФА Купот, Лига Купот и Комјунити Шилдот.