Кога се чинеше дека Наоми Осака со голем стил се враќа на ВТА турнејата, четирикратната Грен слем шампионка ја погоди нов пех.
Поранешната тенисерка број еден во светот мораше да и го предаде мечот на Данкина Таусон во финалето на Окленд (Нов Зеланд) во моментот кога го доби првиот сет со резултат 6:4.
Првите информации говорат дека се работи за болка во долниот дел на грбот, а повеќе информации за повредата и дали ќе може да настапи на Австралија опен кој започнува на 12 јануари ќе бидат познати во следните неколку дена.
Осака веќе беше надвор од терените три месеци поради проблеми со грбот, откако се повреди на кинеската турнеја во октомври 2024 година. Ова беше нејзино прво финале по Мајами 2022 година кога загуби од Ига Швионтек.
Што се однесува до Таусон, ова е нејзина трета титула во кариерата, прва од 2021 година.