Марота ги воодушеви фановите на Интер со подарокот кој го подготви за Ибрахимовиќ

Дерби

03/01/2025

13:48

2.041

Големина на фонт

а а а

Турнирот во Ријад носи пресметки на четирите најдобри тимови во италијанскиот фудбал од минатата сезона, а возбудувањата во Суперкупот започнаа вчера со полуфиналето меѓу Интер и Аталанта.

Актуелниот шампион беше подобар со 2:0 и се пласираше во финалето, па денеска ќе го дознаеме ривалот на „нераѕурите“ од пресметката која ќе ја имаат Милан и Јувентус.

Со цел да се прикаже добра слика за италијанскиот фудбал надвор од границите на „чизмата“, сите претставници на четирите клуба вчера имале и срдечна средба на која си посакале среќа, но на која директорите си размениле и подароци.

Во прв план на социјалните мрежи се најде подарокот кој му го дал Бепе Марота на Златан Ибрахимовиќ, од едноставна причина што претседателот на Интер решил да му врачи дрес со две ѕвездички.

Ибра во минатото настапуваше за Интер и многумина го протолкуваа ова како зајадлива провокација, но Марота дал и изјава пред новинарите на кои им порачал дека не се криела никаква иронија при споменатиот чин.

– Немаше никаква намера за провокација. Сите претставници си разменивме дресови. Тоа беше еден убав чин, но вие новинарите обрнавте внимание само на размената меѓу Интер и Милан. Вистината е дека сите претставници си разменивме дресови, немаше никаква иронија во оваа приказна, – појаснил Марота.