Додека возите има многу работи на кои треба да обрнете внимание и да знаете што значат, но повеќето луѓе немаат поим што значи некој симбол на контролната табла. Има толку многу симболи на контролната табла што е тешко да се знае кој е кој, особено ако тие ретко се чини дека сигнализираат проблем.
Секако, има очигледни симболи кои ги препознавате, како симболот за ниско гориво, но има и такви кои малкумина знаат што значат, пишува „Lad Bible“.
На платформата „X“, корисниците се обидуваа да сфатат што значи симбол што може да се опише како брод со едро на море, и додека многумина се шегуваа, некои беа всушност корисни. Една корисничка објави слика од нејзината контролна табла со означен светлечки симбол.
Таа напиша: „Што значи овој сигнал? Некој потоа ретвитнал и рекол: „Изгледа како чамец. Веројатно значи дека сè е глатко или нешто слично“, и следеше лавина од шеги. Едно лице напиша: „Тоа е предупредување дека доаѓаат пирати. Подобро почнете да веслате“. Друга рече: „Немам поим што значи тоа“.
What this light mean? pic.twitter.com/cgabbCqYml
— Vivian Mayer (@mysty812) December 29, 2024
Точниот одговор
Еден од корисниците објасни: „Тоа значи дека моторот на вашиот автомобил сè уште не достигнал нормална температура. Кога ќе се загрее, тоа светло ќе се изгасне. Го знам ова затоа што морав да го барам на изнајмен автомобил пред околу 2 месеци“.
За што се работи тука?
Тоа е предупредување за ладење на моторот, и тоа не е брод, тоа е термометар со брановидни линии на дното. Според истражувањето на „ATS Euromaster“, 80 отсто од возачите не знаеле што значи тоа. Во основа, симболот значи дека температурата на моторот е превисока и дека вашиот автомобил има ниско ниво на течност за ладење.
Ако не го поправите, моторот може да се прегрее, што може да доведе до цена од неколку илјади евра за нов мотор. Ако светлото е црвено, треба да застанете веднаш штом е безбедно и да го исклучите моторот.
„Доколку нивото на течноста за ладење е ниско или има друг проблем со системот за ладење, може да предизвикате сериозна штета ако продолжите да возите. Потоа можете сами да ги направите основните проверки или да повикате помош“, се вели во соопштението.
За да дознаете зошто светлото е црвено, треба да земете во предвид неколку фактори кои би можеле да играат улога. „Најверојатно тоа е губење на течноста за ладење или дефект на сензорот“, објаснува „Eden Motor Group“.
„Загубата на течноста за ладење може да биде предизвикана од истекување некаде во системот, како што е напукната цевка или дупка во радијаторот. Може да ја видите, слушнете, па дури и да помирисате кога ќе ја отворите хаубата“, додаваат тие.
Но, ако не видите истекување, „погледнете го резервоарот за течноста за ладење“ и проверете ги „максималните и минималните ознаки на страната на резервоарот“, ќе знаете дали имате доволно течност за ладење во системот.