Осумгодишно момче е пронајдено живо откако поминало пет дена во паркот, во кој живеат лавови и слонови во северниот дел на Зимбабве, изјави членка на парламентот. „Се започна кога Тинотенда Пуду залутал 23 километри од домот до опасниот парк Матусадона“, изјави пратеничката Мутса Муромбеџи.
Службата за паркови и диви животни на Зимбабве потврди за Би-би-би дека инцидентот се случил, но не даде дополнителни детали. Муромбеџи рече дека момчето го искористило своето знаење за дивината и вештините за преживување.
„Стражарите забележале мали човечки отпечатоци“
Тинотенда јадеше диво овошје и користеше стап за копање мали бунари во суви речни корита за да стаса до вода за пиење, вештина која се учи во сушните области. Членовите на локалната заедница Нјаминјами започнаа потрага и секој ден удираа во тапани во обид да го натераат да се врати дома.
💫 A boy missing & found in Matusadonha game park
— Mutsa Murombedzi MP🇿🇼 (@mutsamu) January 1, 2025
A true miracle in remote Kasvisva community, Nyaminyami in rural Kariba, a community where one wrong turn could easily lead into a game park. 8-year-old Tinotenda Pudu wandered away, lost direction & unknowingly headed into the… pic.twitter.com/z19BLffTZW
Сепак, на крајот го пронашле чуварите на паркот. „Петтиот ден во дивината, Тинотенда слушнал автомобил на ренџер и потрчал кон него, но се разминале. За среќа, ренџерите се вратиле, забележале свежи, мали човечки отпечатоци и го пребарувале подрачјето сè додека не го пронашле“, вели Муромбеџи.
„Тоа веројатно беше неговата последна шанса да биде спасен по пет дена во дивината“, додаде таа. Паркот Матусадона зафаќа над 1.470 квадратни километри и е дом на зебри, слонови, нилски коњи, лавови и антилопи.