Србија: Бебињата близнаци на возраст од еден месец починаа по тешката сообраќајка

Макфакс

01/01/2025

11:01

1.902

Големина на фонт

а а а

Двете бебиња близнаци кои имаа само еден месец, им подлегнаа на повредите по тешката несреќа што се случи вчера во Србија кај Нови Сад.

Според објавеното од тамошните медиуми, бебињата беа тешко повредени во судир на два автомобили на патот Нови Сад-Зрењанин, и беа пренесени во Детската болница во Нови Сад, но поради тежината на повредите починале.

Српската РТС јавува дека во несреќата се повредени и двајца мажи на возраст од 43 и 34 години и една жена на возраст од 34 години, и сите биле пренесени во болница. До несреќата наводно дошло кога возачот на едниот од автомобилите од засега непознати причини преминал на спротивната лента каде директно се судрил со другиот автомобил.