Бекам заработил 33 милиони евра дивиденда од брендовите кои ги рекламира, еве колку вреди неговото богатство сега

Точка

31/12/2024

11:04

3.017

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам заработи 28 милиони фунти (околу 33 милиони евра) како дивиденда од брендовите што ги рекламира, бидејќи новите комерцијални врски со компании како „Stella Artois“ и „Boss“ му помогнаа да ги надомести загубите што ги претрпе во неговото студио за ТВ продукција.

Поранешниот капитен на Англија продаде 55 отсто од својот бизнис во 2022 година во американската компанија „Authentic Brands“ за 200 милиони фунти, објави „Guardian“.

Таа компанија, меѓу другото, ги поседува правата на сликите на Мухамед Али и Елвис Присли.


Сметките од компанијата на Бекам „DRJB Holdings“ открија денеска дека одобрила исплата на дивиденда од 124 милиони долари (околу 119,5 милиони евра) од потпишувањето на договорот.

Дејвид Бекам, кој се повлече од професионалниот фудбал во 2013 година, се верува дека има право на исплати од 35 милиони долари (околу 33 милиони евра).


Според медиумите, „DRJB Holdings“ забележа благ пораст на добивката во 2023 година.

Тој и неговата сопруга Викторија Бекам, која поседува успешен моден бренд, имаат пазарна капитализација од околу 455 милиони фунти (околу 550 милиони евра), според најновата листа на „Sunday Times“.