По 6.000 денари ќе добива секое новороденче во Гостивар

Макфакс

30/12/2024

14:10

832

Големина на фонт

а а а

Со 20 гласа „за“, денес, Советот на Општина Гостивар усвои одлуказа за доделување 6.000 денари за новороденчињата во Гостивар.

Оваа одлука на Советот на Општина Гостивар е по предлог на градоначалникот Валбон Лимани, кој лично ја предложи на последната седница на Советот, а ја најави неколку дена порано.

Од Општината сметаат дека оваа финансиска поддршка за семејствата со новороденчиња може да ги олесни почетните трошоци и ја покажува посветеноста на Општината кон социјалната политика и семејствата.