Ливерпул ја наполни мрежата на Вест Хем (0:5) и со нова убедлива победа ја потврди одличната форма со која влегува во новата календарска година.
Во последниот настап во 2024 година, избраниците на Арне Слот издоминираа во Лондон, казнувајќи го максимално својот противник, кој на моменти успеваше да се закани кон голот на фаворитот.
Резултатот го отвори Диаз во 30. минута, а до крајот на полувремето реализраа и Гакпо и Салах.
Александер-Арнолд и Жота се фудбалерите кои во вториот дел ставија точка на новата победа за Ливерпул сезонава, со што екипата од „Енфилд“ само се зацврсти на првата позиција на табелата.
Во моментов, Ливерпул има осум бодови повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Нотингем Форест.