Русија се откажува од мораториумот за распоредување на ракети со кус и среден дострел

Нетпрес

29/12/2024

14:04

2.118

Големина на фонт

а а а

Русија ќе се откаже од предложениот мораториум за распоредување ракети со кус и среден дострел, откако САД почнаа да распоредуваат такво оружје во Европа, изјави во неделата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за новинската агенција РИА.

„Ситуацијата ја оценуваме врз основа на анализата на дестабилизирачките дејствија на САД и НАТО во стратешката сфера и соодветно на развојот на заканите што произлегуваат од неа“, рече Лавров.

„Денес е јасно дека, на пример, нашиот мораториум за распоредување на ракети со краток и среден дострел повеќе не е практично одржлив и ќе мора да се напушти. САД арогантно ги игнорираа предупредувањата на Русија и Кина и распоредија оружје од оваа класа во различни региони во светот“, додава шефот на руската дипломатија.


Вашингтон се повлече од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел во 2019 година. Русија оттогаш рече дека нема да распореди такво оружје освен ако тоа не го стори и Вашингтон.

Русија наведува дека дострелот на новиот проектил, што САД го посочија како изговор тогаш за својот потег не е поголем од 500 километри, како што тврдат САД, што значи дека е во согласност со INF. Москва го обвини Вашинтон дека измислил лажен изговор за да се повлече од договорот кои и инако сака да го напушти за да развива нови ракети. Максималниот дострел на тогаш тестираната ракета „9М729“ изнесува 480 километри, станува збор за модернизирана верзија на проектилот „9М728“ кој влегува во составот на ракетните системи „Искандер-М“, која има 10 километри помал дострел.

САД веќе претходно се повлекоа од сличниот билатерален договор со Русија, Договорот за антибалистичките проектили од почетокот на 2000-те година, твдејќи дека мора да развива антибалистичка одбрана од „одметничките “ држави како што се Иран и Северна Кореја.


Целиот текст прочитајте го ТУКА.