Познатиот актер Метју Меконахи го прослави католичкиот Божиќ со сопругата Камила Алвес, а видеоснимката од кујната која ја споделија на социјалните мрежи, во која покажуваа како се подготвуваат за големиот празник откри интересни детали од нивниот семеен дом.
Метју ѝ помагаше на сопругата да ја подготви вечерата за празникот, а актерот за таа пригода реши да облече дуксер на српската женска тениска репрезентација. Знамето на Србија го забележаа бројни обожаватели на Метју Меконахи, кои оставија многу коментари под видеоснимката.
„Бадник … Прославивме почитувајќи ја бразилската традиција! Иако пилешкото Строганов не е традиционална бразилска храна за Бадник, тоа е сè што бараат моите деца! Тоа сега стана традиција“, напиша манекенката и дизајнерката во објавата на Инстаграм.
Инаку, Меконахи го привлече вниманието на домашната публика со неговата поддршка за Новак Ѓоковиќ. На својот профил на Х, пред неколку месеци објави фотографија од минатогодишното финале на УС Опен, кое го гледаше од ложата на Новак.
„Најголемиот на сите времиња, повеќе од ментална машина“, напиша Меконахи во описот на фотографијата.