Американската манекенка Брукс Надер беше фотографирана во потполно проѕирна маичка во текот на нејзиното излегување со момчето Глеб Савченко во Лос Анџелес.
Освен тоа, таа носеше сако и здолниште, а исто така се одлучи за исфенирана фризура, едноставна шминка и шпицести потпетици, a во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија бројни коментари во врска со нејзиниот изглед.
„Беден обид за привлекување внимание“, „Нема елеганција ниту морал. Еве на што спадна нашето општество“, „Евтино“, беа само дел од коментарите.
Инаку манекенката стана позната во 2019 година, откако позираше за „Sports Illustrated“. После тоа, таа се појави уште неколку пати во истото списание. Меѓу другите, таа позираше и со Меган Фокс, Ким Петрас и Марта Стјуарт.
Додека во септември оваа година се натпреваруваше во шоуто „Dancing with The Stars“ заедно со Глеб, а завршија на деветтото место.
Брукс и Глеб минатата година покренаа гласини за нивната љубовна врска. Иако Глеб првично негираше дека се заедно, сепак двајцата тоа набрзо го потврдија појавувајќи се заедно во јавноста.