„Кога јас ќе поднесам тужба, таа ќе остане шокирана“: Актерот Џастин Балдони, за кој Блејк Лајвли тврди дека ја малтретирал – најавува контранапад

Точка

30/12/2024

12:54

2.455

Големина на фонт

а а а

Актерката Блејк Лајвли неодамна го обвини својот колега Џастин Балдони за сексуално вознемирување. Блејк и Џастин работеа заедно на филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), а снимањето и промоцијата на филмот го одбележаа бројни контроверзи. Сега, Џастин Балдони наводно се подготвува да поднесе „експлозивна“ противтужба против актерката.

Како што пишува „Дејли мејл“, актерот и режисер се подготвуваат да поднесат правни документи кога судовите ќе бидат повторно отворени по Нова година.

„Нема да кажам кога и колку тужби ќе поднесеме, но кога ќе ја поднесеме нашата прва тужба, тоа ќе ги шокира сите кои беа изманипулирани да веруваат во очигледно лажна приказна“, изјавил адвокатот на Балдони, Брајан Фридман.


„Тужбата ќе биде поткрепена со вистински докази и ќе ја раскаже вистинската приказна. Во повеќе од 30 години пракса, никогаш не сум видел вакво ниво на неетичко однесување намерно поттикнато од медиумска манипулација“, додал тој.

Според „Дејли мејл“, тужбата целосно ќе ја сврти приказната на Лајвли дека Балдони и неговиот кризен ПР тим, наводно, организирале кампања за оцрнување за да ја „уништат“ нејзината репутација. Наместо тоа, тужбата ќе ја обвини публицистката на Лајвли, Лесли Слоун дека тоа ѝ го направи на Балдони.


Слоун го коментираше извештајот до „Дедлајн“ во саботата, велејќи: „Јасно е дека г-дин Балдони и неговите соработници сугерираат дека јас ги започнав вестите во медиумите за поплаките од луѓето на снимањето, што е лажно. Ве молиме прочитајте ја жалбата на г-ѓа Лајвли и жалбата поднесена од ’Џонeсворкс ЛЛЦ‘ и Стефани Џонс, во која се детализирани кампањата против мојот клиент“, рекла таа.