Група истражувачи открија потонат брод на јужниот брег на Каспиското Море, во иранската провинција Мазандаран. Климатските промени во овој регион влијаат на порастот и падот на нивото на водата, па во изминатите две децении долж брегот се откриени неколку историски артефакти, пренесува „Њузвик“.
„Неговото појавување, на неочекувана крајбрежна локација, му се припишува на брановите, како резултат на порастот на нивото на морето“, се вели во извештајот.
⚓ Gli archeologi dell'Università di Udine ritrovano un relitto arcaico nelle acque siciliane di Ispica
Un relitto...
Posted by Università degli Studi di Udine on Friday 13 December 2024
Археолозите го пронајдоа урнатиот под песочна дина, во близина на иранското село Зегемарз, како што пренесуваат истражувачите бродот е изграден кон крајот на 18 или почетокот на 19 век.
Околу остатоците е подигнат заштитен ѕид, за да се спречи изложувањето на солена вода и силни бранови. Потонатиот брод е идентификуван како брод со три јарболи и двоен труп. Долг е 28 метри, но беше пронајден речиси празен и неговата намена останува мистерија.
Истражувачите пронајдоа животински коски, остатоци од јажиња и растенија кои можеби биле дел од резервите на бродот.
Патем, Каспиското Езеро е најголемото езеро на Земјата, меѓу Европа и Азија, со површина од 394.000 km². Отсекогаш имал развиен сообраќај, а важен е и за риболовот.