Манчестер Јунајтед вчера доживеа уште еден пораз во Премиер лигата, а очајниот настап на гостински терен беше заокружен со примен гол од корнер и црвен картон за Бруно Фернандеш.
Андре Онана веќе вторпат прима гол од корнер на последните натпревари на Јунајтед, а очигледно таа слабост е забележана од противниците и вчера беше искористена од фудбалерите на Вулверхемптон.
Реализатор беше Матеус Куња, кој по натпреварот истакнал дека директниот удар од корнер му бил планиран.
– Навистина шутирав, го трениравме тоа.
– Вториот пат имав среќа и постигнав гол, – изјавил Бразилецот.
Куња добил пофалби и од менаџерот Витор Переира.
– Планиравме да нападнеме на таков начин, но сепак се работи и за индивидуален квалитет. Тој е фудбалер кој може да стигне на многу повисоко ниво, – рекол Переира.
Matheus Cunha's Olimpico against Manchester United! 🤯💫 pic.twitter.com/6OG7Tm4hRS
— EuroFoot (@eurofootcom) December 26, 2024