Да се води Манчестер Јунајтед е сурова работа – Аморим се претстави полошо од Тен Хаг

Точка

28/12/2024

12:33

1.788

Големина на фонт

а а а

Оптимистите меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваа дека португалскиот тренер Рубен Аморим има „волшебно стапче“ кое ќе ги реши сите проблеми на овој клуб, но секако не беа во право, бидејќи првите недели на клупата на овој паднат гигант минуваат многу тешко за тренерот кој дојде наместо отпуштениот Ерик тен Хаг.

Настапот на Португалецот од неговото доаѓање е доста поразителен, дури и полош од оној на Тен Хаг – само две победи во Премиер лигата (Евертон 4:0 и Манчестер Сити 2:1), две во Лига Европа (Викторија Плзен 2:1, Боде Глимт 3:2 и пет порази од кои четири во Премиер лигата. Последните два беа доста непријатни, без гол против Бурнмаут (0:3) и Вулверхемптон (0:2). Петтиот пораз го доживеа од Тотенхем, со резултат 4:3 во четврт-финалето на Лига купот на Англија.

Тимот сега, по новите падови, повторно е на 14. место во Премиер лигата, каде што Аморим го презеде тимот од својот претходник.


На десетте последни натпревари кои ги водеше Црвените ѓаволи, Тен Хаг забележа само два порази (Тотнем и Вест Хем во Премиер лигата), оствари три победи (Саутемптон, Брентфорд во лигата и Барнсли во Купот) како и пет нерешени (Порто, Астон Вила, Фенербахче, Кристал Палас и Твенте.)

Вкупно Јунајтед освои осум бода со Тен Хаг во споменатиот период во Премиер лигата, додека кај Амрорим забележа еден помалку.

Интересно, Јунајтед го имаше најдобриот период во последните месец и половина кога Руд ван Нистелрој седна на клупата како привремено решение откако Тен Хаг беше отпуштен.


Тимот со него во четири натпревари не доживеа ниту еден пораз.

Руд во меѓувреме стана менаџер на Лестер.

Манчестер Јунајтед во понеделник од 21:00 часот го пречекува Њукасл во рамките на 19. коло од Премиер лигата.