Петрушевски: Криминалот во „Лотарија“ се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Макфакс

27/12/2024

13:49

496

Големина на фонт

а а а

Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра.

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведените проверки никаде не може да се пронајдат, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 400.000 евра е криминалот, со набавка на разна компјутерска опрема и телевизори, за кои е потпишан прием, а при извршување на попис не се пронајдени воопшто. За ваквиот криминал кој е документиран, истражен и за кој се покренати постапки за неколку месеци по преземањето на власта, не може да не знаеле СДС“.

Тие знаеле вели Петрушевски, но молчеле и им одговарало Груби и ДУИ да крадат, за тие што подолго да останат на власт.

Сега откако се излегува на површина, каде се СДС да го осудат Груби и да го повикаат да се врати, прашува Петрушевски.

„Наместо осуда на Груби, гледаме како смислуваат разни приказни.

Приказните се единствено нешто кое им и остана. А одговорноста е таа која доаѓа“, нагласува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.