Шефот на израелската дипломатија: Западот е измамен во Сирија

Макфакс

27/12/2024

11:09

618

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар тврди дека новата администрација во Сирија го измамила Западот по соборувањето на режимот на Башар ал Асад.

Зборувајќи за „Џерусалим пост“, Саар даде своја оценка за новата администрација во Сирија.

Обвинувајќи ја администрацијата на чело со Ахмед ал Шара дека е „екстремистичка“, Саар рече дека се сомневаат во новата администрација и дека има причини za toa.

„Знаеме дека Западот е измамен во Сирија“, рече Саар, истакнувајќи дека многу владини претставници заминале во Дамаск за да се сретнат со сириската администрација.

Одговарајќи на прашање дали други земји му предложиле на Израел воспоставување односи со Дамаск, Саар рече дека има и такви кои сакаат тоа да се случи.