[ФОТО] Познатиот пејач тајно купувал храна и вода за бездомници: Ја воодушеви јавноста кога осамнаа стари фотографии како седи и разговара со нив

Точка

26/12/2024

19:09

2.627

Големина на фонт

а а а

Светски познатиот пејач Џастин Бибер деновиве ја покажа својата хуманост на дело. Суперѕвезда која има милиони фанови ширум светот, беше фотографиран како лежи на улица со бездомниците и разговара со нив.

Тој тивко и ненаметливо купил храна и вода за нив, сакајќи да им помогне на оние на кои им е најмногу потребен. Она што особено трогна многумина беше начинот на кој го правеше тоа – без помпа, камери и желба за внимание.

Justin Bieber has been spotted quietly buying food and water for homeless people. He even sat next to a lady to talk...

Posted by Monstah on Saturday 21 December 2024

Еден од емотивните моменти беше кога седна покрај бездомниците и разговараше со нив, а тие веројатно и немале поим дека разговараат со еден од најпознатите луѓе на светот.


Откако им помогна, Џастин дискретно се оддалечи оставајќи зад себе впечаток на вистински хуманитарец. Ваквите моменти ја покажуваат неговата понизност и желба да прави добро, потсетувајќи нè дека и покрај неговата слава, тој има големо срце и искрена желба да им помага на другите.


Неговата акција ги инспирира и поттикнува луѓето да прават мали, но значајни гестови на љубезност. Колку прекрасен млад човек!