[ФОТО] Бијонсе предизвика гнев со забранетиот потег: „Очигледно за познатите не важат истите правила“

Точка

26/12/2024

16:46

2.646

Големина на фонт

а а а

Преносот на настапот на Бијонсе на полувремето на американскиот НФЛ предизвика различни реакции на социјалните мрежи откако пејачката покажа забранет симбол.

На Божиќ, на полувремето од натпреварите помеѓу Канзас Сити Чифс и Питсбург Стилерс и Балтимор Равенс и Хјустон Тексанс, Бијонсе настапи на сцената на стадионот НРГ во Хјустон. Таа влезе на стадионот на бел коњ носејќи каубојски шешир и облека и ги отпеа своите песни 16 Carriages, Blackbird, Levi’s Jeans и Texas Hold’Em.



Нејзината ќерка и се приклучи на сцената како танчарка

Таа, исто така, на сцената ги покани Пост Мелоун и Шабузи, а ќерката Блу Ајви ја придружуваше како танчерка. Сепак, нејзиниот настап наиде на различни реакции на социјалните мрежи откако пејачката покажа забранет симбол за време на песната „Texas Hold’Em“.


Откако Бијонсе застана на платформата, зад неа се развиори зборот „Bang“, а Бијонсе со палецот, показалецот и средниот прст го покажа симболот на пиштол. Малку потоа корисниците на социјалните мрежи почнаа да пишуваат коментари и да ги изразуваат своето мислење во врска со нејзиниот потег.


„Едни правило за познатите, други за останатите“

Еден корисник на Х рече: „Настапот на Бијонсе со пиштол на божиќниот натпревар на Нетфликс ја истакнува привилегијата на славните, додека играчите на НФЛ се казнуваат за најобични прослави на тачдаун. Настапот, прв откако проблемите на нејзиниот сопруг Џеј Зи со законот се појавија на насловните страници, беше повеќе фокусиран на контроверзност отколку на божиќниот дух, комплетиран со имитација на пукање на семеен настан“.


„Изгледа дека самопрогласената кралица на Тексас штотуку докажа дека постојат едни правила за познатите личности, а други за сите останати – дури и на стадионот во нејзиниот роден град“, напиша друг корисник. „Само сакам да истакнам дека Бијонсе го покажа симболот на пиштол кој е забранет во НФЛ и е казнив во играта“, напиша друг корисник.

„Нема место за тоа во спортот“

Извршниот директор на НФЛ, Трој Винсент, претходно зборуваше за ова правило, кое резултираше со парична казна од над 10.000 долари за спортистите Дешон Вотсон и Дејвид Њоку. Тој рече: „Нема место за тоа во професионалниот американски фудбал. Размислете за тоа каде сме како општество … Мислам дека тоа не е она што го претставуваме и каде сакаме да одиме. Имаме одговорност како професионални спортисти“.


Комесарот на НФЛ, Роџер Гудел, додаде: „Трој разговараше за тоа со синдикатот, мислам дека минатата недела. Ќе продолжиме да го правиме тоа. Мислиме дека тоа не е соодветно во такви околности и испраќа погрешна порака. Така што ќе продолжиме да работиме на тоа.“