Пет нешта во домот кои можат да го загрозат здравјето

Точка

26/12/2024

19:31

965

Големина на фонт

а а а

Иако домот го сметаме за безбедно место, сепак во него можат да се најдат работи кои несвесно му наштетуваат на нашето здравје.

Докторката Џулија Адамиан за „New York Post“ откри пет нешта кои никогаш не би ги чувала во својот дом бидејќи можат негативно да влијаат на здравјето, спиењето и безбедноста.

Неред

„Скриената опасност од нередот е прашината. Тешко се чисти и може да предизвика алергии. „Луѓето не сфаќаат дека најчестите алергени се наоѓаат токму во куќата“, вели Адамиан.


Краткорочното изложување на алергени може да предизвика респираторни реакции како што се кашлање, насолзени очи, напади на астма и хроничен бронхитис. Додека долготрајната изложеност е поврзана со намалена функција на белите дробови, проблеми со срцето и невролошки нарушувања.

Килими со реси

Наизглед безопасните килим со реси се честа причина за повреди.


„Сигурно не би ставила килим со реси во мојот дом бидејќи лесно се сопнувам на нив“, рече д-р Адамиан. Ова особено важи за постарите лица и лицата со проблеми со мобилноста, меѓутоа сите се изложени на ризик.

Нездрава храна

„Не препорачувам да чувате храна која поттикнува лоши навики“, рече таа и додаде дека лично сака сирење, но знае дека тоа може да има негативни ефекти, па избегнува да го има при рака.


За другите луѓе, тоа искушение можат да бидат газираните пијалаци, чипсот или колачињата. Доколку не ги купите, помала е веројатноста дека ќе ги консумирате.

Сапуни и детергенти за алишта

Мирисливите сапуни и детергенти можат да предизвикаат алергиски реакции, да го иритираат носот и да го нарушат сонот, предупредува д-р Адамиан.


Тие, исто така, често содржат фталати поврзани со срцеви заболувања, дијабетес и хормонални нарушувања кои можат да влијаат на плодноста и развојот на репродуктивните органи.

ТВ во спалната соба

Гледањето телевизија пред спиење може да предизвика несоница поради стимулација на светлосни импулси на мрежницата.


„Спиењето е исклучително важно, па телевизорот треба да биде надвор од просторијата“, заклучи доктор Адамиан.