Русија изврши масовен ракетен напад врз градот Харков во источна Украина, каде во средата наутро беа пријавени серија експлозии.
„Од зори во Харков трае масовниот напад на руски ракети“, потврди градоначалникот на источниот украински град Игор Терехов.
„Харков е под ракетен напад, а балистичките ракети сè уште се движат кон градот“, напиша Терехов на Телеграм.
Воздухопловните сили на Украина известија за лансирање на крстосувачки ракети „Калибр“ од Црното Море, иако првично не беше познато каде се упатени.
🤬Небо Харкова після прильотів балістики
— Bounty (@JoelTarnawski) December 25, 2024
Le ciel de Kharkiv après l'arrivée des missiles balistiques🤬 https://t.co/vhglQGJJav pic.twitter.com/IMbWFDpYyz
Веќе се регистрирани речиси десетина експлозии, јавуваат медиумите.
На социјалните мрежи се појавија и видеа од нападот на кои може да се забележат како одекнуваат експлозии.
Како што објави Олех Синјехубов, шеф на Регионалната државна управа во Харков, избувнале неколку пожари поради пријавена штета на цивилна нестанбена инфраструктура. Засега нема потврдени жртви.
Како што претходно објави Укринформ, ширум земјата беше издадено предупредување за воздушен напад поради закана од руски дронови камикази.
🇺🇦🇷🇺 | URGENTE- GUERRA UCRANIA-RUSIA: MASIVOS BOMBARDEOS SOBRE KHARKIV, UCRANIA. pic.twitter.com/7Cp2hxlluJ
— ShinRa News Network (@NewsShinra) December 25, 2024