[ВИДЕО] Детали за драмата во Казахстан: Расте бројот на преживеани патници по уривањето на авионот, објавена и снимка од падот

Точка

25/12/2024

10:15

4.572

Големина на фонт

а а а

По падот на патнички авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни со 72 лица, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал на јато птици.

Подоцна се појави информација дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но дошло до несреќа на само три километри од аеродромот Актaу.

Според првичните информации, бројот на преживеани е поголем од 10. Првите повредени се примени во болница.

Генералниот конзул на Азербејџан во Актaу, Ајкан Сулејманли, рече дека засега „не можат ништо да кажат“.

„Нашите вработени се таму и јас сум на пат. Не можеме да кажеме ништо со сигурност. Не знаеме ништо во моментов“, рече тој.

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на патничкиот авион АЗАЛ во Казахстан, кој летал од Баку за Грозни. На лице место одекнала експлозија која во моментов ја гаснат голем број пожарникари.

Во гаснењето на пожарот во близина на градот Актaу, во Казахстан, учествувале 52 пожарникари и 11 противпожарни возила. За ситуацијата во моментов е загрижено Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, кое засега нема информации за жртви.

Дваесет и пет лица ја преживеале авионската несреќа

Според последните официјални информации 25 лица ја преживеале авионската несреќа во Казахтсан.

Од нив 22 се префрлени во болница, објави Казахстанското министерство за итни случаи.

Според најновите извештаи во леталото 67 лица, вклучувајќи и членовите на екипажот, откако претходно беше објавено дека внатре имало 72 лица.

Авионот кој летал од Баку за Грозни се урна утрово. Пред падот, испратил „СОС“ сигнал над Каспиското Море.

Причината за авионската несреќа сè уште не е позната, но на објавената снима од моментот на падот на леталото се гледа како авионот стрмно се спушта во близина на аеродромот во западниот дел на земјата пред да се урне.

Објавена снимка од моментот на уривањето на авионот

Објавена е снимка од моментот на уривањето на авионот во Казахстан, кој превезувал 67 патници и членови на екипажот.

Авионот кој летал од Баку за Грозни се урна утрово. Пред падот, испратил „СОС“ сигнал над Каспиското Море.

Причината за авионската несреќа сè уште не е позната, но на снимката се гледа како авионот стрмно се спушта во близина на аеродромот во западниот дел на земјата пред да се урне. Можно е да се работи за обид за принудно слетување.