Бруклин Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, повторно е мета на потсмев на корисниците на социјалните мрежи поради неговиот разговор со сомелиер, кој беше објавен на Инстаграм. 25-годишниот Бекам го објави разговорот со сомелиерот Лукас Демпси во кој го коментираше неговиот интерес за виното, особено за постарите вина, што многумина го сфатија како негов обид да почне да се занимава со тоа.
„Колку повеќе собирам вина, толку повеќе сфаќам дека ги купувам само оние од 2000 и поновите“, изјави Бекам, кој веднаш се демантираше себеси и откри дека омиленото вино му е Петрус Померол од 1979 година, вредно 2.500 фунти, а го спомена и виното Мутон од 1966 година.
„Се надевам дека се шегува“
Ова видео предизвика лавина коментари од корисниците на Инстаграм кои го исмејуваа велејќи дека и покрај популарноста и славата на неговото семејство тој сè уште не пронашол „нешто во што е успешен“.
„Неговиот талент нема почеток, а ни крај“, „Едвај чекам да стане астронаут“, „Колку повеќе ги трошам парите на моите родители, толку повеќе го сакам виното“, „Тој би можел да се обиде со рударство“, „Се надевам дека се шегува“, беа само дел од коментарите на корисниците на Инстаграм.
„Фотограф, готвач, а сега и сомелиер. Што е следно за овој мултиталентиран млад човек?, се пошегува друг корисник.
Тој често беше предмет на потсмев
Бруклин и претходно беше исмејуван затоа што се фалеше дека е успешен во кулинарството и често ги споделуваше своите рецепти на социјалните мрежи.
Минатата година тој сподели фотографија на која готви, а потоа многумина во коментарите забележаа интересен додаток во неговото јадење. Имено синот на Бекам готвел јадење со вино, а во тенџерето покрај намирниците се најде и чеп од вино. Покрај тоа, додека готвел Бруклин го држел неговото куче в раце, што предизвика негативни коментари.
„Во тенџерето има чеп од шише вино, а изгледа дека ќе има и кучешки влакна“, „Овој пат тајната состојка е чепот“, „Зошто стави чеп во тенџерето“, „Ми изгледа како да готви храна за кучиња“, „Тој мисли дека чепот може да се јаде“, „Чепот е главната состојка на јадењето“, „Внимавај кучето да не ти падне во тенџерето“, „Многу слатко куче, внимавај да не се изгори или испрска“, беа само дел од коментарите.
Бекам исто така беше запрашан дали е воопшто готвач, на што тој скромно одговори: „Не сум, но храната е моја страст“.