Манчестер Јунајтед не може да мрдне ни под водство на новиот менаџер, а уште една потврда за тоа добивме во пресметката со Борнмут која поранешниот англиски шампион ја загуби на „Олд Трафорд“ со убедливи 3-0.
Јунајтед има доста проблеми, покажува слабости кои се повторуваат како на пример играта при прекини каде одново примија гол против Борнмут. Ова беше дури 17 примен гол при вакви ситуации во текот на 2024 година што е поразителен податок и тоа носи дефинитивно фрустрира, а тоа ги призна дефанзиевцот Лисандро Мартинез.
- Многу сме лути со оваа ситуација. Посебно треба да работиме на прекините. Верувам многу во овој тим и во стручниот штаб. Ако не постигнат гол од прекин, тогаш тоа е сосема поинаква игра. Пропуштивме многу шанси. Мора да постигнеме гол. Знаеме што треба да направиме и мора брзо да се промениме.
- Знаеме колку е голем во овој клуб. Очекувањата се многу големи, тоа е процес и можете да видите дека играме толку добро, но исто така примаме голови и мора да работиме на тоа. Знам дека навивачите се нетрпеливи со нас. Ние сме единствените кои можеме да го промениме.
- Ова е фудбал и мораме да го прифатиме. Ние сме 100% уверени дека ќе постигнеме успех во овој клуб. Тоа е процес, не сакам да го вперувам прстот кон еден играч. Заедно победуваме, заедно губиме. Ова е голем притисок, но ние го сакаме тоа. Многу верувам во оваа група, - порача Мартинез.
Во наредното коло во ПЛ, „црвените ѓаволи“ му гостуваат на Вулверхемптон.