Милошоски: Филипче кон Груби гледал како на актер кој му овозможува на СДС и нему лично што повеќе да се задржат на власт

Макфакс

22/12/2024

14:01

281

Големина на фонт

а а а

На денешната трибина „Правдата доаѓа“ што се одржа во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој што истакна дека кај Ковачевски имало политичка мотивација во однос на Артан Груби и случајот со Лотарија се со цел да се задржи СДС ден повеќе на власт.

„Сметам дека има политичка мотивација кај Ковачевски со Артан Груби и со случаите на Лотарија, политичката мотивација беше едноставна, колку повеќе ќе му се дозволи на Артан груби да се занимава со незаконити работи и да биде доминантен фактор во владата па и надвор од владините институции во случајот во лотарија толку подолго денови недели или месеци Ковачевски ќе биде премиер на државата. Тоа беше цената заради која Ковачевски с е согласи наместо премиер да му биде асистент на вистинскиот човек кој што ја имаше моќта во власта а тоа беше Артан Груби. И затоа сметам дека и во овој случај на Лотарија Ковачевски има направено сериозен пропуст и тоа не е случаен технички пропуст тој има направено пропуст што на самата седница на влада има дозволено да се расправа за потпишување на нови концесии, дозволи и одобренија за видео лотарии и дополнителни игри на среќа онлајн иако знаел дека во законот за државна лотарија тоа е ограничено на само една таква концесија“ истакна Милошоски и додеде:

„Затоа сметам дека ова е главниот доказ како СДС се однесуваше кон ДУИ и особено кон Артан Груби. Се што ќе посакаше Артан Груби да помине во Собрание не само што поминуваше туку добиваше европско знаменце. СДС беше само асистент во собраниските потреби на ДУИ кои секогаш добиваа приоритет со злоупотреба на европското знаменце“ потенцира Милошоски.

Милошоски посочи дека Венко Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер, туку тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДС и нему лично да се задржат на власт.

„Доколку не постоеше поддршката од ДУИ во време кога СДС го имаше најнискиот рејтинг во 2023 2023 година Филипче немаше да биде министер, Ковачевски немаше да биде премиер, СДС немаше да биде на власт. Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДС и нему лично да се задржат на власт. А нивното задржување на власт било битно за да можат да работат на одредени набавки на Онкологија, на одредени набавки во РЕК Битола на одредени царински постапки, набавки во други институции и затоа сметам дека не треба да се очекува од Венко Филипче да се огради од Артан Груби затоа што Груби му помогнал и на Филипче и на Ковачевски и на целото СДС да останат на власт во моментите кога немале легитимитет и немале капацитет да бидат на власт.

Имаме феномен на партија која што 21 година ниеден функционер од таа партија, од ДУИ не бил соочен со одговорност пред правосудните органи.

Милошоски апелираше до надлежните институции да се позанимаваат со случајот Онкологија.

„Беше скандалот со клиниката за Онкологија, сметам дека тие материјали кои што тогаш ги обезбедивме и се јавно достапни до обвинителството можат многу да им послужат на обвинителите доколку имаат намера да го расчистат овој случај за предистрага или истрага во случајот со Онкологија. Имаше силни индиции дека главниот и движечки фактор на Онкологија биле набавките високите тендери и една доминантна веледрогерија, а за тоа според законот морал да знае тогашниот министер за здравство Венко Филипче и директорите. Би апелирал до надлежните институции и до обвинителството да се позанимаваат со овој случај“ истакна Милошоски.